Приватна дружба на Рамуш Харадинај и Зоран Заев на 3-годишнината од Диво Насеље
Синоќа премиерот Зоран Заев со сопругата бил во приватна посета на косовскиот колега Рамуш Харадинај во Приштина. Фотографија за посетата објави косовскиот премиер Харадинај.
„Заедно со Анитен, го поздравивме нашиот личен пријател и македонски колега, Зоран Заев, со неговата сопруга Зорица, со желба за нашето пријателство да размислуваме за односите меѓу нашите две земји и народи”, напиша Харадинај на својот Фејсбук профил.
Приватната посета на Заев на Харадинај се совпадна со годишнината од Диво Насеље. По завршување на судскиот процес на која 8-мина од обвинетите за тероризам беа осудени на доживотна затворска казна, владата на Косово предводена од Харадинај им додели помош од по 10 илјади евра на осудените и на загинатите припадници на терористичката група.