Свет

ВИДЕО: Изчезна принцезата на Дубаи

Се верува дека ќерката на владетелот на Дубаи во март се обидела да избега во странство со цел да живее послободно отколку дома.

Но очевидци велат дека луксузната јахта со која отпатувала била запрена крај индискиот брег и дека принцезата била вратена дома. Оттогаш не е видена во јавноста, објави Би-би-си во саботата.

Властите на заливскиот емират истакнуваат дека од правни причини не можат да ги коментираат овие наводи.

Шеика Латифа, ќерка на шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, била киднапирана кога се обидела да избега од земјата, вели ХРВ.

Би-би-си пишува дека во тоа всушност ѝ помогнале поранешен француски шпион и инструктор по боречки вештини од Финска.

ХРВ во саботата објави дека властите мора да откријат каде се наоѓа принцезата и да го објаснат нејзиниот статус.

„Ако не се откријат нејзината локација и статус, би можело да се работи за насилно исчезнување“, рече меѓународната организација.

„Шеика Латифа, којa на пријателите им рекла дека сака да избега од ограничувањата наметнати од нејзиното семејство, не е видена цели два месеци, што предизвика загриженост за нејзината безбедност и состојба“, додаде ХРВ.

Организацијата со седиште во Лондон соопшти дека Латифа била запрена на 4 март, околу 80 километри од индискиот брег.

Властите во Дубаи за Би-би-си рекле дека ова го тврдат луѓе со криминално потекло.

Поврзани вести

Back to top button