Македонија

Таравари: Бандити на ДУИ нападнале професори во Гостивар

Замислете бандити на ДУИ физички нападнале, како тоа што се случува во Куманово и во Скопје, денеска се случи во Гостивар. Двајца професори кои што работат како редовни професори во Гимназија во Гостивар, се нападнати со ладно оружје. Едниот од нив моментално се наоѓа на хирургија. Замислете со каква мафија се соочуваме во Гостивар, истакна градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во емисијата „Топ Тема“.

Тој рече дека полицијата наместо да реагира за вакви громорозни случаеви, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски си оди на приватни забави кај советниците во Гостивар.

Имено Таравари посочи дека еден од напаѓачите на професорите е поранешен нарко дилер кој во затвор бил 3 ипол години, додека другиот од напаѓачите е син на директорот на Гимназијата.

-Дали ние во Гостивар се соочуваме со опозициска партија или со банда?, праша Таравари.

Исто така Таравари нагласи дека поранешниот градоначалник на Гостивар кој воедно беше дел од коалицијата ДИУ и СДСМ,  има 9 кривични пријави за неправилно работење во општината. Тој истакна дека покрај одржаните 15 прес-конференции за расветлување на случајот за криминалите на ДУИ, полицијата и јавното обвинителство не преземаат ништо.

-Имаше 15 прес-конференции за кои никој не реагираше. Ниту јавното обвинителство, никој не дојде да праша како е можно земјиште во центар на Гостивар да се продаде за 3 евра. Никој не дојде да праша а во медиумите секојдневно имаме секакви инспекции од Владата, истакна Таравари.

Тој изрази надеж дека владата и државата ќе се разбудат и ќе преземат нешто во врска со овој случај.

Таравари рече дека иако на почетокот кога се формираше владата на СДСМ имаше огромни очекувања, сега секојдневно разочарувањата стануваат поголеми.

-Премиерот во кампањата за Шарената Револуција кажуваше за луѓе дека се криминалци и ги споменуваше по име, јас не би сакал сега да ги споменам, и после една година тие криминалци беа кандидати за градоначалници на СДСМ, нагласи Таравари.

Поврзани вести

Back to top button