Свет

Кралицата Елизабета за калиф: Арапски медиуми: Таа ја има крвта на пророкот Мухамед! Може да бара да владее со муслиманите

Реакцијата на наводното муслиманско потекло на кралицата Елизабета Втора е главна тема во арапските медиуми овие денови.

“Кралицата Елизабета мора да го бара правото да владее со муслиманите”, пренесува еден од насловите лондонски “Economist”.

Како што пишуваат медиумите од Казабланка до Карачи, британската монархија потекнува од пророкот Мухамед, што Кралицата Елизабета Втора ја прави роднина на кралевите на Мароко и Јордан.

Овие тврдења се појавиле пред неколку години, но повторно добиле внимание на Блискиот исток.

Во март, мароканскиот весник “Al-Ausbouse” го истражувал семејното стебло на кралицата од претходните 43 генерации и открил крвна линија преку средновековната муслиманска Шпанија до ќерката на пророкот Мухамед, Фатиме. Исто така, се пишувало дека води потекло од Али Гома, поранешен голем муфтија во Египет.

Сите најмногу се фокусираат на нејзината врска со муслиманската принцеза Заида, која во 11. век побегнала од нападот во Севиља и завршила во христијански двор во Кастиља. Го сменила името во Изабела, ја променила верата и го родила Алфонсо, чии потомци дошле до Британија и имале врска со кралското семејство. Некои велат дека Заида е ќерка на Муатимид бин Абад, потомок на Мухамед. Други пак велат дека само се омажила во неговото семејство.

Реакцијата на наводното муслиманско потекло на кралицата варира во арапскиот свет. Некои предупредиле на теорија на заговор и дека ова е начин да се оживее Британската империја со помош на муслиманите.

“Таа гради мост меѓу две религии и кралства”, пишува Абделхамид Ал-Ауни, кој ја напишал статијата во “Al-Ausbouse”.

Поврзани вести

Back to top button