ВИДЕО: Убиениот бил висок функционер на ДУИ – По вербална расправија и тепачка дошло до пресметка со ножеви и огнено оружје
Убиениот во престрелката во Мала Речица Наип Реџепи бил влијателен член на ДУИ во Куманово. Неговиот прекар бил Беланока.
Ранетиот во престрелката исто така е од Куманово а до инцидентот дошло откако двете ривалски групи ги запреле возилата и почнале да пукаат.
Извори за медиумите на албански јазик велат дека убиениот и ранетиот изглегле од седиштето на ДУИ и по вербална расправија и тепачка дошло до пресметка со ножеви и огнено оружје.
Oд ДУИ излегоа со соопштение преку кое се оградија од денешната вооружена престрелка која се случи во близина на нивното седиште во Мала Речица а во која неофицијално има еден загинат и двајца повредени. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
„Демократската Унија за Интеграција и денес, како и секој друг ден ги реализираше своите вообичајни активности.
Целосно ги демантираме како неточни информациите дека денес во Демократската Унија за интеграција имало било каков инцидент.
Ние како политичка партија немаме и не можеме да имаме одговорнност за евентуалните инциденти кои не се поврзани со Демократската Унија за Интеграција“, стои во соопштението на ДУИ.