Македонија

ФОТО: Ова е убиениот во Мала Речица

Наим Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва било убиено во Куманово во вооружен судир помеѓу две групи пред седиштето на ДУИ во Мала Речица, пишува ТВ Шења.

Според истите извори, на оваа пресметка и претходела расправија помеѓу двете групи.

Од Клиничката болница во Тетово ја информирале полицијата дека кај нив биле донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.

Порталот на албански јазик Шкипмедиа, пак, објави дека се работи за престрелка меѓу припадници на ДУИ од Скопје и Куманово.

Oд ДУИ излегоа со соопштение преку кое се оградија од денешната вооружена престрелка која се случи во близина на нивното седиште во Мала Речица а во која неофицијално има еден загинат и двајца повредени. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Демократската Унија за Интеграција и денес, како и секој друг ден ги реализираше своите вообичајни активности.

Целосно ги демантираме како неточни информациите дека денес во Демократската Унија за интеграција имало било каков инцидент.

Ние како политичка партија немаме и не можеме да имаме одговорнност за евентуалните инциденти кои не се поврзани со Демократската Унија за Интеграција“, стои во соопштението на ДУИ.

Од МВР потврдија дека во инцидент во Мала Речица едно лице е убиено, а едно повредено.

Во врска со случајот, МВР привело две лица.

Поврзани вести

Back to top button