Живот

Марина Туцаковиќ во солзи: Попрво би умрела но морам да живеам поради својот си

Марина Туцаковиќ храбро се бори со опасната болест само поради својот син Милан Радуловиќ. Да го нема него, вели одамна би се предала.

После операцијата на Институтот за онкологија, авторката на најголемите хитови во регионот отпатува со семејството во Германија на терапија. Иако се чувствува лошо и истоштено, таа не се предава. Има само една цел – да го усреќи нејзиниот син, кој нема да и опрости ако таа се предаде. Иако едва се движи и говори таа се исповеда на една нејзина блиска пријателка и соработничка.

Пејачката која сакаше да остане анонимна, откри што и кажала Туцаковиќ кога неодамна разговарале.

Постојат добри луѓе

„Попрво би умрела но морам да живеам за својот син. Јас и онака со години мачно живеам.“ И покрај тоа таа е многу силна а јас и се воодушевувам на тоа. Таков борец одамна не сум сретнала. Храбро се носи со својата црна судбина откако и почина нејзиниот најстар син Милош. Одамна би се предала да го нема нејзиниот син кој и е се на светот. За него живее и сега за него се бори. Таа ја победи нејзината најголема загуба ќе ја победи и оваа болест.

Марина во јануари дозна дека е болна а набрзо е и оперирана. Пред 10 дена отпатува во Минхен заедно со своето семејство. Пред нејзиното заминување таа порача:

„Голем оптимист сум и очекувам добри резултати. Се трудам да бидам весела и да не размислувам премногу за тоа. Не го сваќам ова трагично, страшно е кога тоа на другите им се случува а кога ќе ви се случи на вас некако сето тоа го прифаќате и пуштате нагонот за живот да продолжи понатаму.“

Поврзани вести

Back to top button