Македонија

Почувствуван втор земјотрес во Скопје за седум часа

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Скопје во 15 и 23 часот.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 4 километри јужно од Скопје, на 1 километар северно од Сопиште и на длабочина од 1 километар.

Утрово во Скопје во 8 часот и 3 минути беше регистриран земјотрес со јачина од 2,3 степена според Рихтеровата скала. Утрово, пак, во 2 часот и 26 минути е регистриран земјотрес и во Охрид со јачина од 2,1 според Рихтер. Епицентарот бил десет километри источно од Охрид.

 

Поврзани вести

Back to top button