Живот

Келнерка донирала бубрег за редовен гостин

Освен што поседува неверојатна убавина, Маријана Вилјареал Толентино поседува и огромно срце. Оваа келнерка од популарниот синџир на ресторани „Хатерс” решила да го донира својот бурег на еден чест гостин и така да му го продолжи животот. Дон Томас поради ракот ги изгубил двата бубрега и докторите не му давале добри прогнози.Тој бил чест гостин во ресторанот „Хатерс”, познат по атрактивните келнерки, а таму ја запознал и Маријана.

Иако биле само познаници, Маријана сакала да му помогне на овој добар човек, бидејќи на овој начин сакала да и помогне на својата баба која починала поради болести на бубрезите.

Кога ја слушнав неговата приказна го прашав дали сака да му донирам мој бубрег , а тој прифати.

Јас не можев да и помогнам на својата баба, а ако благодарение на мојот бубрег Дон поживее уште неколку години, ќе бидам многу среќна. Јас својот дел го завршив , сега се е во рацете на Бога – изјавила Маријана.

Тие двајцата пред неколку дена ја извршиле операцијата, а Маријана на својот профил на Инстаграм објавила дека двајцата се добро и дека одлично функционираат.

Цел живот можете нормално да живеете само со еден бубрег – изјавила оваа хумана девојка.

Дон, пак, изјавил дека е неверојатно благодарен што непозната личност толку несебично му понудила дел од себе за да му го спаси животот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button