Македонија
Апел за помош – да помогнеме на Ирена повторно да застане на нозе!
Ирена Танчева која на 27 април 2017 година имаше сообраќајна несреќа и беше правена операција на вратната кичма (5ти и 6ти пршлен) и сега е неподвижна. Она што е најпозитивно од оваа несреќна ситуација е тоа што Ирена може да застане повторно на своите нозе пресадувајќи и матични клетки во Рудија во клиниката Неуровита.
„Ве замолувам бидете хумани и донирајте да застанам пак на нозе и да можам повторно да продолжам да одам и да си ги гледам моите деца, да бидат и тие среќни како останатите“ – напиша Ирена на својот фејсбук профил.
143-500 (ВИП\ОНЕ) е бројот каде сите може да донираме за нашата струмичанката Ирена Танчева повторно да застане на нозе и да му се радува на животот!