Мистерии

Мистерија: 74 врвни експерти на НАСА загинаа за две години (ВИДЕО)

За период од само две години, заклучно со 2015-та, дури 74 експерти на американската вселенска агенција НАСА загинаа или починаа под, засега, непознати околности и до денес не е познато што се сличило пред нивната смрт. Серијата е премногу голема, а институцијата премногу важна за да се смета ова за случајност. Оние кои ги следат настаните околу НАСА сметаат дека се работи за смислена ликвидација на луѓе, а дилемата е само кој има интерес да бидат замолчени: НАСА или конкуренцијата.

Алберто Бехар (47) кој загина при пад на мал авион е последниот случај во ваа долга низа. Тој е познат научник на НАСА, кој се изнесе теорија и докази дека порано од имало присуство на вода на Марс, но пред да ги доврши истражувањата почина во 2015 година во Лос Анџелес, а по оваа последна несреќа зачестија прашањата на јавноста и научните кругови – Зошто за кратко време од само две години загинаа, или ненадејно починаа дури 74 НАСА експерти?

Она што дополнително ги засилува сомневањата во планска ликвидација е што сите случаи на смрт, насилна или ненадејна без претходни знаци на смртоносна болест, се случиле непосредно откако некој од починатите научници завршиле некое истражување во НАСА. Набргу, како по правило, се случувала несреќа. Аналитичарите, и заради ова, сметаат дека 74-те починати знаеле нешто што не требало да се знае, или некој имал интерес нивните сознанија од вселенските истражувања да не се довршат или обелоденат.

Медиумите пишуваат дека Бехар работел во НАСА, во Пасадена цели 23 години, а од позначајните проекти е неговото учество во истражувањата на планетата Марс. Бил експерт за роботика, и неговиот дел од истражувањата е употребата на роботите на Марс, во тешки и непознати услови, како и употреба на роботи во истражувања во внатрешноста на вулкани и длабоко под вода.

По овој 74-ти случај на смрт меѓу експертите на НАСА со оваа мистерија почнаа да се занимаваат и научници кои истакнуваат теорија на заговор и плански убиства на експертите.

Бехар бил искусен пилот, инструктор за летање за авиони и хеликоптери – временските услови пред падот на авионот со кој летал биле јасни и поради некоја причина, неговиот авион само што почнал да лета ја загубил височината. Пилот на аеродромот “Ван Нујс”, Кашиф Куршид, изјавил: “Не можам да видам што е причината за вакво нешто. Тој беше многу искусен, компетентен и темелен. ”

Ова е само еден од овие случаи на сомнителна смрт на истакнати научници, во период од две години, 74 водечки медицински експерти и научници од НАСА загинаа, и скоро за сите официјално е осоопштено дека се работи за самоубиство или несреќа. Меѓу нив е и Глен Томас, поранешен портпарол на Светската здравствена организација. Тој, бил експерт за Ебола и СИДА, бил на бродот MH17 кога пливолото било потопени при што загинале и околу 100 други истражувачи и експерти за Ебола и СИДА пред да стасаат на меѓународната конференција кде се упатиле.

Џоеп Ланге, водечки истражувач на СИДА и поранешен претседател на Меѓународното здружение за СИДА, исто така бил на бродот MH17.

Снимката на видото кое следи е направена непосредно пред смртта на Бехар, и објаснува зошто денес работното место на експерт во НАСА е најризична професија опасна по живот.

Поврзани вести

Back to top button