Ставрос Теодоракис: Не сакам соседната земја да се распадне – сакам да го спречам „муслиманскиот наклон кон мајка Турција“ и „Голема Албанија“
„Зошто не сум на протестот во Солун“ – Бидејќи изгубивме 25 години одржувајќи воена атмосфера со една мала земја што може да ни биде лојален сојузник, вели грчкиот новинар и политичар Ставрос Теодоракис во пост на Фејсбук по повод вчерашниот митинг во Солун против нашето уставно име. Постот го пренесуваме во целост, превземен од МКД.мк:
затоа што ги презирам сите оние што градат кариери со популистичко и националистичко однесување
– бидејќи не гледам голема разлика меѓу „Поранешната Југословенска Република Македонија“ – кое сите го прифативме – и нова или северна или горна Македонија
– бидејќи со „Македонците“ – како и со „Кипар“ – неактивноста и одложувањето се на сметка на интересите на Грција и хеленизмот
– затоа што ништо не ме врзува ни политички или естетски со оние што велат дека сме под окупација и зборуваат за предавници, антихелени, бесења и ковчези
– бидејќи овој вид активности водат кон политичка унаказеност – погледнете ги СИРИЗАНЕЛ и движењето Изреволтирани
– бидејќи секојпат кога некоја земја членка на Обединетите нации ќе ја признае „Република Македонија“ грчката дипломатија губи и слабее
– затоа што не сакам соседната земја да се распадне – сакам да го спречам „муслиманскиот наклон кон мајка Турција“ и „Голема Албанија“
– бидејќи нашиот непријател е иредентизмот и јас не сакам нашите соседи да го менуваат својот устав и училишните книги. Немојте нивните деца да ја замразат Грција
– затоа што се смеам на препораките „не избрзувајте да го решите името“ од земји што уште од 92 година ја признаа „Република Македонија“.
– затоа што Флорина, Пела, Килкис, Серез, Драма сакаат работа и развој, а не мрачни бизниси во нови „изолирани зони“
– бидејќи Солун е главен град на Балканот, а не фобична провинција на Атина
И зошто го кажувам сето ова денес?
Бидејќи не научив да се кријам.
И се надевам дека во следните клучни часови и денови ќе излезат и други прогресивни политичари и без страв ќе кажат што мислат.
Ние мора да научиме да го исполниме нашиот долг. „Не се осмелувајте“ не може да биде амблемот на нашето време.“