Македонија

Двајца починаа, хоспитализирани уште 4 лица на Инфективна

Двајца пациенти од гостиварско починаа на Инфективна клиника поради заразна болест во период од три дена, од кои едниот утринава. Еден бил на возраст од 50, а друг на 24 години. Покрај нив, хоспитализирани се уште четири лица од тој регион кои во моментов се наоѓаат во изолација, потврди директорот на клиниката и претседател на комисијата за заразни болести, Звонко Миленковиќ.

Починатите биле фамилијарно поврзани, според нашите информации од селото Симница, а крво се поврзани и дел од останатите пациенти.

– Болеста има брз карактер. Пациентите се донесени се со висока температура и пролив. Инфекцијата ги зафатила црниот дроб, бубрезите и други органи. Се пренесува од животни на луѓе, има низок степен на опасност од пренесување од човек на човек и затоа нема простор од паника – рече директорот на Инфективната клиника.

Надлежните се уште испитуваат со која болест се заразиле ниту пак посочија од што се пренесува болеста. Едни од многуте претпоставки е дека станува збор за хеморагична треска, како и тоа дека заразата е пренесена од инсекти. Меѓутоа лекарите засега не сакаа да шпекулираат.

На Инфективната клиника, велат, ниту имало ниту во моментов е прогласен карантин. Она што е познато е и дека епидемиолозите се на терен, се испитува состојбата по што Центарот за јавно здравје ќе одлучи дали ќе се прогласи епидемија или не.

Поврзани вести

Back to top button