Живот

Северина: Изгубив едно дете, не сакам и ова да го изгубам

Синот на Северина, Александар, еден викенд ќе живее со мајката, а една недела со таткото. Минатата недела судот одлучи Северина за време на периодот кога детето ќе биде кај таткото да му се јавува еднаш на ден и тоа точно во 20 часот.

Според неа, оваа одлука не е рационална и се плаши за нејзиниот син, па реши да проговори.

– Милан психички ме малтретираше. Во еден момент ми се закануваше дека ќе ми го загорчи животот и дека ќе ми го земе детето, но помислив дека е период и ќе му помине, споделила Северина.

Објаснила како своеволно, Милан не го видел Александар дури 18 месеци, бидејќи според него, во тој период на детето не му требало татко. Како што тврди Северина, тој не ги исполнувал обврските на еден татко, па дури не му се ни јавил за роденден.

– На почетокот, му праќав пораки дека ќе ги пропушти првите чекори и половина од неговиот живот. Јас бев таа која стапував во контакт со него и која му досадуваше.

Уште од тогаш, од Центарот за социјална грижа, ја советувале дека со такво однесување може да му го одземе старателството над синот, но сепак таа не сакала да го оддели од татко му.

– Ова не е прва привремена мерка на судот. Минатата година донесе привремена мерка Александар да не оди во градинка 4 месеци, објаснила Северина, која кога ја слушнала таа одлука, судијката ја избркала од судницата.

Минатата година, Милан не го вратил Александар на време, а се огласил дури кога реагирала полицијата.

– Тогаш одев на вештачко оплодување и не смеев да се изложувам на стрес. Во тој период го изгубив детето, но не планирам и ова дете да го изгубам, додала Северина.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button