Свет

Нуклеарната војна ќе почне во Австралија: Северна Кореја полудела поради доаѓањето на војската на САД во Дарвин

Северна Кореја тврди дека австралискиот град Дарвин ќе биде центар на нуклеарна војна, обвинувајќи ги САД дека ја користат Австралија за да се подготват за напад на нивната територија.
Обвиненијата ги се објавени во весникот “Роднонг Синмун”, кој е гласило на владејачката партија на Северна Кореја и кој објавува државна пропаганда.

Минатата недела, 1.250 американски маринци пристигнале во Дарвин за да имаат воени вежби со австралиската војска.
“Ова е најголемо воено присуство на САД во Австралија по Втората светска војна”, објавил весникот.

Весникот исто така ја критикува австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп, која заговара санкции за режимот во Северна Кореја и ги повикува да го напуштат програмот за нуклеарно вооружување.
“Родонг Синмун” тврди дека Бишоп “слепо и ревносно ги следи САД”, додека “изговара глупости против Северна Кореја само затоа што презема чекори за самоодбрана”.

“Ако Австралија продолжи да ги следи САД во изолацијата и гушењето на Северна Кореја, тоа ќе биде самоубиствен чин на влегување во нуклеарен напад на силите на Северна Кореја”, пишува весникот.

Министерот на одбранбената индустрија, Кристорфер Пајн, со насмевка ги дочекал тврдењата на Северна Кореја дека градот Дарвин ќе го користи како почетна точка за нуклеарна војна.

“Тоа на ниеден начин не е подготовка за судир на Корејскиот полуостров”, рекол тој за ABC, додавајќи дека правењето на база е во рамките на долгогодишната австралиска политика.
“Очигледно, сакаме да избегнеме таква воена акција и сакаме Севернокорејците да се однесуваат разумно, како и другите граѓани во светот. Тоа значи крај на тестирањата на ракетите и подготовките за нуклеарна војна со САД, Јапонија, Јужна Кореја или било кој друг”, рекол тој.

Поврзани вести

Back to top button