Татко, ќерка и син учесници во летна студентска работа во Америка
Таткото Кирил Коцев, од Свети Николе, уште во сега веќе далечната 1995 година бил учесник во програмата за Летна Студентска Работа во Америка, тогаш како еден од првите Македонски Студенти учесници во оваа програма за студентска размена со странство.
Неговото животно и работно искуство, како и секој друг родител, несебично го пренесе на неговите деца , ќерката Бисера и синот Горазд.
Бисера беше учесник во програмата минатото лето и работеше во Noah’s Ark Park, Wisconsin Dells, WI, од каде исто како и нејзиниот родител понесе неверојатни позитивни импресии.
Таа го иницираше и нејзиниот брат Горазд, кој заедно со неа оваа година ќе оди во Америка.
Семејството Коцеви со нивниот ентузијазам и емоции од престојот во Америка ни дозволи да ги споделиме нивните искази со вас.
На таткото Кирил му поставивме неколку прашања:
- Како заминавте Вие во Америка 1995 година?
За Америка во тоа време се одеше на потежок начин на аплицирање. Моравме да одиме по Американската виза до Белград, а потоа летавме од Софија. Но како и за се друго во животот, трудот се исплатеше и јас пристигнав во Њу Јорк а потоа и кај работодавецот во Impala Hotel Inn, Ocean City ,NJ. Мојата работна позиција беше одржувач на соби. - Како се снајдовте на работното место и во какви сеќавања Ви остана Америка по враќањето во Македонија?
Да бидам искрен на почетокот бев малку збунет, бидејќи во Америка се беше различно од нашиот живот во Македонија. Ми требаше време да се снајдам и да почнам да го живеам „Американскиот сон “. Работиш, имаш, трошиш, патуваш. Јас навистина уживав во Америка и посетив повеќе големи градови.
- Какви промени направи престојот во Америка кај Вас?
Престојот во Америка беше животно искуство кое придонесе за мене многу да го постигнам она што сум денес. Им препорачувам на младите да ја искористат оваа привилегија и да го искористат тоа искуство бидејќи и нив ќе им помогне во животот полесно да се снајдат со работа и да се подготват за прифаќање за сите животни предизвици.
Заради сите овие причини, безрезервно ги поддржувам моите деца да патуваат за Америка, да ги одработат летните месеци и со сето искуство да се вратат во Македонија. - Што работите денес?
Денес сум електро инженер и сопственик на сопствена компанија. Среќно оженет и горд на своите деца и максимално посветен на нивната иднина. Со своите 47 годни би изјавил дека ако и денес сум студент повторно би бил учесник во оваа програма и би патувал за Америка.
Фотографиите кои следат покажуваат дел од она што се случувало пред 22 години, но ви прикажуваме и фотографии од престојот на Бисера од минатото лето во Америка.
Искрено им посакуваме на Бисера и нејзиниот брат многу успешна сезона во Америка, кај новиот работодавец „ Philly Twist Pretzel, NJ“ со кој потпишаа договор за 4 месечна работа.
Оваа фамилијарна традиција со учество на летната програма за Америка, се надеваме дека ќе ја продолжи и третата генерација од ова семејство од Свети Николе.
Во пракса најдобар животен пример можат да ни дадат нашите родители и да ги следиме сите нивни позитивни примери.
Оваа програма за летна студентска работа во Америка низ многу примери покажа дека придонесува за поголема самодоверба и самооспознавање.
Тоа животно и работно искуство остава длабоки траги за цел живот и претставува БЕНЕФИТ ЗА ИДНИНАТА. Коузон и оваа година ќе поведе неколку стотини млади лица на пат кон таа иднина, кон Америка , кон директно работно ангажирање од 3 до 4 месеци , кон ново животно искуство и кон реално најдоброто лето во нивните животи. Студенти, Ве очекуваме да аплциирате во нашите канцеларии низ Мaкедонија [email protected]., велат од компанијата Коузон.