На пазарот во Гевгелија се продава пролетна зелка
На пазарот во Гевгелија, се појави пролетна зелка која на купувачите досега им се нудеше не порано од крајот на април или почетокот на мај.
Производител од Богородица успеал речиси три месеци порано да произведе пролетна зелка, која во зависнот од големината, се продава по цена од 40 и 50 денари за парче.
– Пробав и се уверив дека нашето поднебје овозможува овој производ да излезе многу порано од пластениците, меѓутоа трошоците се големи и неисплатливи. По оваа цена сега е добро за купувачите кои ќе ја имаат на трпезата,но не и за мене.Произведов мала количина,пробата успеа,но поголемите количини од пролетната зелка сепак ќе ги произведам кога и сите други земјоделци, рече производителот од Богородица.
Во Македонија се чувсвутвува како дома. При секое доаѓање не пропушта да посети некои од винариите и да дегустира…
Во овој период во гевгелиско-валандовскиот регион редовно се откупува зимската зелка која во зависност од квалитетот, на откупните пунктови денеска се плаќа по цена од 17 до 20 денари за килограм.