Избор на уредникотМакедонија

Почина млад доктор во сообраќајка

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно со автомобилот удри прво во друго возило, а потоа и во дрво на улицата Рузвелтова во Скопје.

По сообраќајната несреќа, тој со Брза помош беше пренесен на Ургентен центар, но докторите не успеале да му го спасат животот.

Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.

Трајче Нешковски, ја раководеше Ковид-единицата во детската болница „Козле“.

Поврзани вести

Back to top button