СветТоп

20 мажи од Непал претепале Непалец, кој бранел девојка од силување во Загреб, дел од македонските бизнисмени бараат увоз на вакви „работници“

20 мажи од Непал претепале Непалец, кој бранел девојка од силување во Загреб. Полицијата во неделата добила дојава дека во центарот на Загреб, во улицата Драшковиќева, дошло до масовна тепачка меѓу неколку непалци.

Физичката пресметка настанала поради обвинение за обид за силување од непалска државјанка.

– На 9 април, околу 18 часот наа улица Драшковиќева, поради меѓусебен конфликт згриживме неколку граѓани на Непал. Бидејќи лицата одбиле да постапат по наредба на полициските службеници, против нив биле употребени средства за присилба. Поради сомнение за сторени прекршоци седум учесници, односно сторители на прекршоци, државјани на Непал со редовно живеалиште во Република Хрватска, се испратени до Општинскиот суд за прекршоци во Загреб.

Недолго по тепачката, 29-годишен државјанин на Непал дошол во службените простории и против 42-годишниот маж поднел кривична пријава за кривично дело обид за силување, што според моментално собраните информации предизвикало конфликт меѓу неколку луѓе. Граѓанинот на Непал, кој е поврзан со кривичното дело, е под надзор на полицијата и следи натамошно спроведување на кривичната истрага, по што ќе биде спроведен кај надзорникот на притвор, соопшти хрватската полиција.

Како што пренесува „Danas.hr“, девојката го обвинила 42-годишниот маж од хостелот во кој работела дека се обидел да ја силува. Таа тврди дека со години ја малтретира, пред еден месец се обидел да ја силува, а се кулминирало кога на Велигден дошла да бара заостаната плата. Непалецот Арџун Раут вели дека се вклучил за да и помогне.

-Тој човек не и исплатил плата на време. Ја претепал неколку пати. Тој и рекол дека ако пријави во полиција или некому каже дека ќе и направи многу лоши работи, дека ќе биде депортирана од Хрватска во Непал, вели Арјун Раут за „Danas.hr“.

Тој тврди дека после тоа се свртел кон него, заедно со група други Непалци.

– Ме удираа во градите, по главата. Во исто време ме нападнаа 20-тина луѓе. Сопственикот ги покани. Мислам дека имаа план да ме убијат, рече тој.

Полицијата се уште не се огласила за овој немил настан.

Поврзани вести

Back to top button