Македонија

Премиерот Заев контра Груби: ДУИ знаеле дека цел закон е испратен во Венецијанска

Можеби Артан Груби не знаел, но владините коалициони партнери од ДУИ знаеле дека целиот Закон за јазици ќе биде испратен на разгледување во Венецијанската комисија – тврди премиерот во заминување по синоќешната изјава на Груби, дека ДУИ очекувале само два члена од законот да се испратат во Венеција. Сега се бара начин, како препораките да бидат вметнати во законот, откако ДУИ остро се спротивставија на измени.

Синоќа во Топ Тема, пратеникот Груби тврдеше дека, од Министерството за правда го испратиле целиот закон на оценување, без знаење на ДУИ.

Од министерството за правда негираат дека тие го испратиле законот во Венецијанската комисија. Велат дека тоа го сториле од владата и дека препораките треба да се почитуваат.

ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат амандмани на законот, за кои бараат поддршка и од СДСМ. Побараа и расправата за измените да оди по редовна, а не скратена постапка.

Претседателот на Собранието, сепак, застана на страна на својата партија-ДУИ, најавувајќи дека никакви измени на законот нема да поминат во Собранието.

Поврзани вести

Back to top button