13-годишно дете бара помош: Мама да не плаче кога треба да ми даде да јадам
Животот е навистина суров, посебно за оние наши граѓани со кои судбината длабоко си поиграла со нивните сопствени животи. Една навистина тешка судбина има и 13 годишниот прилепчанец Емил и неговата мајка Цене Маџуни, кои живеат во социјален стан во прилепската населба Точила, а благодарение на тв емисијата “Срце на дланка”, бараат помош за да го подобрат нивниот живот.
“Имам само три желби: Да оздрави бато, да имам лаптоп како сите мои другарчиња и мама да не плаче кога треба да ми даде да јадам!!”– вели малиот Емил од Прилеп во оваа ТВ емисија.
Целата сторија ќе можете да ја гледате во емисијата #СрцеНаДланка, оваа недела во 15:45 на #АлфаТв и на нивниот Јутјуб канал:
Свесна сум за грешките во минатото, но, никако не можам да ја смирам болката во срцето, зошто не можам да му обезбедам храна и нормални услови за живот на синот Емил – изјави нашата сограѓанка Цене – мајката на Емил во емисијата “Срце на дланка”.
Напомена: Сликите за оваа објава, и дел од текстот се превземени од Facebook страната од ТВ емсијата “Срце на дланка”.