ЖивотИзбор на уредникотТоп

Десетчлено семејство од скопски Припор очајно моли за помош!!! (ФОТО)

Скопско хуманитарно здружение секоја година пред новогодишните и Божиќните празници самоиницијативно трага по заборавени семејства од ранлива категорија за да заедно со Дедо Мраз им подари пакетчиња, играчки, храна, облека и многу насмевки, да ја почувствуваат и тие макар на еден ден празничната еуфорија…

Ви ги пренесуваме во целост нивната објава и молба:

– Годинава на едно од посетените семејства очајно сме му потребни сите ние!

Васка од Припор, e самохрана мајка, во десет-членото семејство, кое нема никакви приходи од државата и живее во многу тешки услови со големи долгови за струја и закани пред исклучување …

Тројца од нејзините синови се 26г, 24г, 22г,  способни за работа, но немаат стабилен работен однос, работат се што ќе најдат, растовар, утовар, преселби за 500 денари од ден, но тоа не е секој ден, кога има, кога нема работа, ПОТРЕБНА ИМ Е РАБОТА КАДЕ ЌЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ И СИ ОБЕЗБЕДАТ РЕДОВНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ, БИ РАБОТЕЛЕ БИЛО ШТО, за да може да му помогнат на своето семејство да живее скромен но нормален живот, да не се приморани да молат за донации, да не трпат за леб и да не се смрзнуваат во овие ладни денови греејќи се со остатоци…

Ова семејство исто така има потреба од храна и облека како и материјали за да може да се реновира купатилото кое капе од секоја страна.

Молба до сите вас кои сте во можност да донирате било што од наведеното, или пак да понудите работа на некој од синовите да ја исконтактирате мајката Васка на следниот телефонски број 078 838 847

Благодарност до луѓето кои несебично не поддржуваат секоја година со донации за оваа категорија на семејства

Слаткарница Ресана Струмица, Жито Маркети, Сара фешан и уште неколку поединци со големо срце кои помогнаа со донации за да може ова семејство и останатите семејства со слична приказна да ги поминат достојно празниците кои доаѓаат и се среќни и еуфорични за нас но не и за нив.

Со неколку подароци успеавме да внесеме барем малку среќа во детските очи, да почувствуваат и тие мала еуфорија и радост пред празниците и почувствуваат малку топлина во душите знаеејќи дека не се заборавени, велат од Скопско хуманитарно здружение.



Мариета Младеновска

Поврзани вести

Back to top button