Живот

Зоран Ванев: Македонците ме викаа србоман, сите останати ми велеа, „где си Македонац“!

Зоран Ванев кариерата ја започна многу одамна, а во Македонија блесна со фолк-хитот “Ангела“. И кога сите помисливме дека неговата ѕвезда ќе трае, тој неочекувано се повлече, замина за Швајцарија каде почна со сосема поинаков бизнис и каде остана да живее и да ужива во животот. Деновиве споделува и убави фотографии од своето летување во една егзотична земја каде е секогаш топло.

Во меѓувреме а, во она време, Ванев испеа и една хит песна на српски јазик “Јужна пруга“, попозната како “Скопље-Београд-Беч“. Но и тоа не го предомисли, естрадата ја остави по настрана. Но, работите малку како да се искомплицирале кога Ванев за српската продукција го издаде албумот со песните на српски јазик. – Многу нашинци во Австралија ми замерија, раскажа популарниот пејач при едно интервју за ИН-телевизија. Но, јас сакав да си имам интернационална кариера. Не знам можеби тоа беше направено во погрешно време? Најтешко ми беше, каде и да одев, на пример кај Србите, Хрватите, Босанците, кај било кој од поранешна Југославија, секој од нив ми велеше “Где си Македонац”! Меѓутоа кога доаѓав меѓу своите Македонци, токму тие моите ме нарекуваа:“Овој е Србоман”. Мислам дека помина тоа време и мило ми е што некои работи се подредија….(Д.М. фото:ФБ)

извор: вечер

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button