ЗНМ ја осудува стапицата на министерот Брктеши за Муслију
Здружението на новинари на Македонија го осудува чинот на министерот за економија Крешник Бектеши, кој му поставил стапица на сопственикот на новинската агенција Журнал, Беџет Муслију, поканувајќи го на средба на која наместо тој, се појавил градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари. Бектеши го поканил сопственикот на Журнал за да го замолчи да не објавува вести за тоа каде се трошат парите од општинскиот буџет на Кичево.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани остро го осуди ваквиот чин на министерот Бектеши нагласувјќи дека заканата против медиумите и новинарите е закана врз слободата на размислување и слободата на изразување. Тој вели дека фунционерите треба да користат законски средства за да ги заштитат своите права, бидејќи заканите и дискредитирањето на новинарите се остатоци од примитивните општества.
„Здружението на новинари осудува секаква закана врз новинари или сопственици на медиуми. Нападите врз новинарите се неприфатливи и за нив нема место во едно демократско општество. Секоја закана кон новинар, особено кога таа доаѓаа од моќни луѓе, претставува кршење на слободата на говорот и правото на граѓаните да бидат информирани. Фунционерите треба да бидат толерантни за јавните критики од медиумите, дури и кога тие не се многу кредибилни. Наместо да се закануваат, тие треба да се вклучат во јавна дебата, каде што можат да се расчистат сите дилеми поврзани со нивната работа. Ние ги охрабруваме фунционерите да користат правни средства за заштита на нивните права, бидејќи заканите и дискредитирањето на новинарите се остатоци на примитивните општества. Исто така, ги покануваме новинарите и медиумите да го почитуваат етичкиот кодекс на новинарите и секогаш да бидат во одбрана на јавниот интерес. Употребата на медиумите за расчистување на сметки или за остварување на лични интереси претставува сериозно кршење на етичкиот кодекс на новинарите“, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани, за Журнал.