ЖивотТоп

Живото е чудо: Семејство остана без дом од земјотресот во Албанија, но ја доби ќеркичката Ајсел

Семејството Сула од албанскиот град Драч, кој е најпогоден од катастрофалнот земјотрес, е едно од многуте кои ги загубија своите домови во силниот земјотрес и е сместено во поставените шатори во Манз.

Но, животот на ова семејство им донесе нова радост.

Ардјана на свет ја донесе својата ќерка Ајсел. Прекрасната вест ја пренесе министерката за здравство на Алабанија, Огерта Манастирлиу.

„Чудата на животот. Иако семејството Сула остана без покрив од разорниот земјотрес и е засолнето во шатор во Манз, пред неколку часови се роди Ајсел, нивната ќерка, која е во добра здравствена состојба, исто како и мајката Ардјана. Ајсел ти никогаш нема да бидеш сама“, напиша министерката.

Ардјана се породила во Клиниката за гиникологија „Кралица Гералдина“ во Тирана.

Поврзани вести

Back to top button