Свет
Жена осудена на година и пол затвор, се жалела на гласна џамија
Индонезискиот суд осудил жена на 18 месеци затвор за богохулење, бидејќи го навредила исламот кога се пожалила дека џамијата во нејзиниот кварт е прегласна.
Меилиана која е будистка по потекло од Кина, се пожалила на повикот за молитва кој се повторува пет пати дневно. Сметала дека џамијата го пушта прегласно.
Индонезија има најголема светска популација на муслимани и значителен број будисти, христијани и други верски малцинства.