Зеленски: Украина бара итен прием во НАТО
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја поднесува барање за „забрзано“ членство во НАТО.
Неговиот денешен коментар уследи непосредно откако Русија објави дека анектира четири украински региони кои ги окупира за време на инвазијата и оркестрираше референдуми, кои меѓународната заедница ги смета за нелегитимни.
– Преземаме одлучувачки чекор со потпишување на апликацијата на Украина за забрзано пристапување во НАТО, наведе Зеленски.
Засега не е јасно што значи „забрзана“ апликација, зашто за влез во НАТО е потребна едногласна поддршка од членките на Алијансата.
– Де фактo, ние веќе ја докажавме компатибилноста со стандардите на Алијансата. Тие се вистински за Украина, вистински на бојното поле и во сите аспекти на нашата интеракција. Си веруваме едни на други, си помагаме едни на други и се штитиме едни со други. Ова е сојуз, рече Зеленски.
Зеленски исто така го повтори своето ветување дека ќе ја обедини целата украинска територија која сега е под контрола на Русија.