СветТоп

Застрашувачка снимка на хрватскиот „одред на смртта“: 100 наоружани хулигани тргнуваат во крвав поход

Грчките медиуми објавија нова застрашувачка снимка на хрватските хулигани, која е направена непосредно пред почетокот на дивјачките нереди во кои е убиен 29 годишниот навивач на АЕК.

Во видеото кое го објави грчки Стар, се гледа голема група вооружени хулигани на Динамо како тргнуваат во својот крвав поход.

Ова е ударната бригада која посеа смрт, напиша Стар во опис на видеото.

Додаваат дека на снимката се гледа „одредот на смртта“ во кој имало повеќе од 100 вооружени убијци, навивачи на Динамо.

Најшокантно во целата приказна е тоа дека зад нив, наводно снимала полицијата, која ништо не превзела да ги спречи стравични нереди кои се случија во понеделникот вечерта во населбата Нова Филаделфија.

Поврзани вести

Back to top button