Живот
За два месеца изел 40 ножеви
Индиецот Џарнал Синг (42) преживеа многу комплицирана повеќечасовна операција.
Тој пред неколку денови бил примен во болница во Гурдаспур, Индија бидејќи се жалел на болки во стомакот.
Лекарите од неговиот стомак извадија 40 ножеви, кој Синг ги проголтал во последните два месеца.
Синг изјави дека му се допаѓа вкусот на ножевите и оти чувствува неиздржлива потреба да ги јаде.
По успешната операција Синг за неколку денови ќе биде во својот дом.