МакедонијаТоп

За да заштеди 14 илјади евра, Кацарска не отиде на Бали, околу 100 милиони евра народни пари се трошат на непотребни службени патувања

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска учествува на четиридневниот Петти конгрес на Светската конференција за уставна правда што започна во вторникот на островот Бали во Индонезија и на кој централна тема е „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот”.

Како што соопшти Уставниот суд, со оглед на економската ситуација во земјава и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, Кацарска одлучи делегацијата на Уставниот суд да не патува на Бали, поради трошоците кои изнесуваат околу 14 илјади евра, и присуството на Конгресот е заменето со онлајн учество.

Доколку со едно патување се заштедува околу 14 илјади евра може да се заклучи колку би се заштедиле народни прави доколку би се откажале сите непотребни патувања и средбите би се остварувале онлајн. Претходните две години видовме дека државата не изгуби ништо иако службените патувања беа сведени на минимум.

Од Министерството за финансии нема податоци за тоа колку народни пари се трошат за службените патувања на функционерите од централната и локалната власт. Но според некој информации за ова намена се трошат околу 100 милиони евра.

 

 

Поврзани вести

Back to top button