Војводи Тетово: Ова лудило мора да запре – Утре и вашето дете може да биде Саздо! (ФОТО)
Членови на навивачката група „Војводи“ од Тетово синоќа се собраа пред полициската станица во нивниот град, запалија свеќи за сочувство на 21-годишниот Никола Саздовски – Саздо, кој на 29-ти минатиот месец беше крвнички претепан, а денеска им подлегна на повредите, и порачаа „Утре и вашето дете може да биде Саздо“.
„Војводите“ исто така посочија дека покрај овој случај, се сведоци на многу неправди и заташкувања на случаи и упатија поддршка до, како што велат, „нашите браќа Комити“.
Нивната Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:
Во знак на револт вечерва се собравме пред полициската станица во Тетово. Ние како навивачка група и како МАКЕДОНЦИ од Тетово години наназад сме сведоци на многу неправди и заташкувања на случаи кога се во прашање *албанците. Ние живеме во град во кој законите и правдата важат само за нас МАКЕДОНЦИТЕ ама и не за оние од кои ни го згадија градот.
Македонецот тука пати во секој поглед и е оставен сам на себе, додека оние со кои треба да градиме “Соживот” кој никад нема ни да биде, ниту постоел се над законите и прават што сакаат.
Затоа изразуваме секаква поддршка до нашите браќа Комити за секој чекор понатаму, затоа што ние сме оние кои многу вакви случаи и заташкувања сме ги осетиле на своја кожа, но и браќата на мака се познаваат.
Во оваа објава сакаме и да го споменеме и нашиот Мујо кој кукавички беше прободен до смрт, да го спомнеме и нашиот Ванчо кој ни крив, ни должен беше убиен додека игра кошарка пред својот дом со другарите и уште многу други кои беа избодени низ тетовските улици во знакот на “соживотот”, но за среќа успеаа во борбата за нивниот живот! Ова лудило мора да запре, затоа што Македонскиот народ веќе не може да ги трпи овие неправди.