Македонија

Во Тетовско вире од проституција

Во Тетовско вчера од 23 до 2,30 часот по полноќ биле приведени две Косовки и две Албанки кои илегално престојувале во Македонија.

– Полициски службеници по превземени мерки и активности за откривање на странски државјани кои илегално престојуваат или го злоупотребуваат туристичкиот престој со работа по угостителски објекти, во угостителски објект лоциран во село Желино, затекнати се четири лица, странски државјанки, од кои две државјанки на Косово и две државјанки од Р.Албанија. Лицата се приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Ова е втор случај во последните неколку дена како во тетовско се приведуваат девојки под сомнение дека се занимаваат со проституција.

Претходно Две српски државјанки и една девојка од Македонија биле затекнати од страна на полицијата во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Гостивар, сопственост на Е.А. од селото Лакавица.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во полициската станица поради сомнение за злоупотреба на туристичкиот пресотoј во Македонија, посредување во проституција и трговија со луѓе.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани вести

Back to top button