Македонија

Во скопско училиште – Лепеле фотографии од соученичка во костим за капење во училиштето и пишувале: Не си вредна за тонерот, ти си нула

Превземено од Факултети.мк: „Не си вредна за тонерот“, „Ти си нула“… Овие и други навредливи пораки, напишани на испечатена фотографија од 12-годишно девојче во костим за капење, во петокот осамнале на ѕидовите, прозорците и на вратите во скопско основно училиште. Седмоодделенката од ова училиште ваквото насилство го доживеала од своја соученичка поради банална расправија околу изгледот што се случила неколку дена пред немилиот настан.

Банална расправија повод за врсничко насилство

Мајката на ученичката што го доживеала ова насилство за Факултети.мк ја раскажа целата случка и изјави дека ќе бара помош и од Државниот просветен инспекторат бидејќи не сака да дозволи тоа да му се случи на друго дете. Заедно решивме да го сокриеме идентитетот на сите инволвирани, како и на училиштето, за да ги заштитиме децата.

Сѐ почнало во петокот, по неколку часа откако ќерката заминала на училиште, мајката добила повик од класната раководителка дека се случил инцидент.
– Се шокирав бидејќи е мирно дете. Но, таа ме смири со зборовите дека ќерка ми е жртва на врсничко насилство. Ми објасни дека тројца соученици и еден ученик од друго одделение залепиле нејзини фотографии низ училишната зграда со навредливи коментари. Главен иницијатор е нејзина соученичка со која претходно се скарале, на час по физичко, поради банална причина – си го искоментирале изгледот меѓусебно. Девојчето им се свртело на другите и рекло дека на мојата ќерка ќе ѝ го загорчи животот – раскажува мајката.
Фотографијата што била излепена во училиштето е од детски роденден од пред две години, прославен на базен. Мојата ќерка таму била фотографирана во костим за капење заедно со три други девојчиња. Сликата била поставена на фејсбук-профил на мајката на славеничката, па децата оттаму ја зеле.

Целиот текст прочитајте го тука

Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева / [email protected]
Лектор: Ивана Кузманоска

Поврзани вести

Back to top button