Свет

Во Израел ќе се затараат и деца доколку се осудени за тероризам

Израелскиот парламент сака да воведе закон со кој ќе може да затвора палестински деца осудени за тероризам, пренесе „Ал џазира балканс“.

Хуманитарните организации го осудија израелскиот закон со кој ќе се овозможи затворање на деца од 12 години осудени за тероризам.

Предлог-законот за млади го помина третото читање во израелскиот парламент.

Се предлага да биде дозволено затворањето на малолетници – дури и деца помлади од 14 години, осудени за тешки кривични дела како убиство, обид за убиство или убиство од небрежност.

Израелските власти тврдат дека интензитетот на нападите во изминатите неколку месеци бара „агресивен пристап, вклучувајќи ги и малолетните лица”.

Израелската организација за човекови права Б’Целем го критикуваше предлог-законот и постапувањето на израелската армија кон палестинските деца.

– Наместо да ги затвора, ќе беше подобро Израел да ги испрати на училиште каде што ќе можат да растат достоинствено и слободноа а не под окупација. Затворањето на толку млади малолетници ги лишува од можноста за подобра иднина – изјавија од Б`Целем.

Поврзани вести

Back to top button