Македонија

Во Хрватска се бараат македонски овчари, плата 1.000 евра

Хрватските млекари се закануваат дека ќе го затворат бизнисот ако Владата не им дозволи да вработуваат овчари од регионот, а најбарани се македонските. За оваа работа во Хрватска се нуди 1.000 евра плата, плус сместување и храна, но на огласите никој не се јавува.

Ако не ја зголемиме квотата за странски работници за оваа дејност пропаднавме, се жалат хрватските млекари.

– Во Хрватска има 7.000 млекари и неможам да разберам зашто ни дале само 35 квоти. Во оваа дејност тешко е да се најадт работници од надвор, а не па од Хрватска, вели еден хрватски млекар.

Затоа хрватските работодавачи бараат да се воведе словенечкиот систем за вработување на странски работници.

– Ако вие како работодавач се јавите во словенечката агенција за вработување и барате 5 овчари, тогаш тие имаат рок од пет дена да ви најдат лице кое е словенечки државјанин. Доколку не ви најдат таков работник, вие автоматски имате дозвола да вработите странец, објаснуваат од Хрватско здружение на работодавачи.

Инаку во Хрватска најмногу се бараат македонски овчари, кои исто така се на листата на најбарани и во Италија и во Грција.

Поврзани вести

Back to top button