Живот

Во Европа од освежувачите за простор и средствата за чистење годишно умират 99.000 лица

Освежувачите на просторот и средствата за чистење се скриени убијци во домовите, училиштата и работните простории, а во најновиот извештај се тврди дека годишно предизвикуваат или придонесуваат смрт на 99.000 лица во Европа, објави британски „Телеграф“.

Во Извештајот поддржан од страна на здравствените организации во Велика Британија, Royal College of Physicians (RCP) и Royal College of Paediatrics and Child Health (RCPCH), предупредува дека за лош квалитет на воздухот во затворени простории придонесуваат различни производи на домаќинството, неисправни бојлери, спрејови и освежувачи на воздухот, кои и како и средства за лична хигиена се посочени како најопасни, затоа што обично содржат хемикалии кои се течни или лесно испаруваат.

Освен тоа, одреден мебел, ткаенини, лепило и изолациски материјал содржат формалдехид што испарува и што ги иритира дишните патишта, односно белите дробови. И биолошките материјали кои можат да се пронајдат во куќата како прашина, мувла и животински влакна исто така, можат да му наштетат на  здравјето на човечкот.

– Загадувањето на воздухот во затворена просторија може да има негативни факти на развојот на фетусот, особено на белите дробови и бубрезите на детето, може да предизвика спонтан абортус, срцев удар и мозочен удар кај повозрасните лица, а поврзано е и со астма, дијабетес, деменција, дебелина и на крајот рак, се наведува во извештајот.

Поврзани вести

Back to top button