Во Бигорскиот манастир пристигна икона на Св. Архангел Михаил од Бугарија
Aрхмандрит Партениј, срдечно и најтопло се заблагодари за, како што рече, оваа голема чест и радост во пресрет на празникот Богојавление.
Во пресрет на празникот на Божественото Просвештение и на светлото Богојавление над реката Јордан, Бигорската Обител беше удостоена со голем ангелски благослов. Имено, во Манастирот пристигна прекрасна икона од војсководецот на светите ангелски сили, светиот Архангел Михаил.
– Иконата на небесниот Архистратиг, изработена во сребрен опков со позлата, украсен со бисери и полудраги камења, ја донесе лично нејзиниот творец, нашиот драг пријател, добропознатиот зограф Димчо Димчовски од Република Бугарија, во придружба на двајца свои сопатници. Тој ѝ ја подари на нашата Обител оваа преубава икона со благоволение и благослов на Епископот Велички, неговото Преосвештенство г. Сиониј, од Бугарската православна црква, кој воедно е игумен на двата мошне значајни бугарски манастири – Тројанскиот и Бачковскиот, вели отец Кирил од Бигорскиот манастир.
Целиот текст прочитајте го тука