Беспилотни возила-роботи на рускиот ривал на „Гугл“ познат како компанијата Јандекс почнаа да доставуваат пратки во делот на Белград со нови повеќекатници кој популарно се нарекува „Белград на вода“. Пратките можат да бидат со големина до 15 килограми, а секој робот преку камери со висока резолуција си ги скенира патот и околината.
Појавата на робот доби мешани реакции на Твитер од белграѓани.
– Роботите за испорака на Јандекс почнаа да работат во Белград на вода . Дистопијата во Белград на вода станува сè посилна секој ден, напиша еден твитерџија.
Во Москва и во други градови низ светот ваквите пратки стануваат секојдневие.
Ваквите пратки ги најави српскиот претседател Александар Вучиќ на почетокот на месецот. Според него, тие би ги замениле луѓето кои доставуваат пратки.
В Белграде @yandex запустил своих роботов 😉 pic.twitter.com/zB5NqPxrhp
— Радченко Алексей (@alex_radch) April 21, 2023