Живот

Во автомобил измерени 81 Целзиусов степен!

Во автомобил паркиран на сонце во Загреб, биле измерени 81 Целзиусов степен, соопштија од автоклубот „Максимир“. Тие најавија предлози за превентивни мерки, како што се вградување термометар за тревога во случај на прекумерни температури во возилото.

Рекордните 81 степен биле измерени во понеделникот, што е за седум повеќе од 25 јули, кога беа забележани 74 Целзиусови степени. Поради сѐ почестите и подолгите топлотни удари и промената на климатските услови, ќе бидат предложени неколку мерки за заштита следната година.

-Ќе иницираме изработка на термометри, коишто со звучен и светлосен сигнал ќе предупредуваат на прекумерното покачување на температурата во автомобилите, тракторите, камионите и градежните машини, се вели во соопштението.

Тие најавија и анализа за можните неповолни последици од високите температури врз самото возило, како и утврдување на тоа – кои течности и материјали се потенцијална опасност поради испарување, експлозија или запалување.

Поврзани вести

Back to top button