Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ косење на трева 1,5 милиони евра поскапо од лани

ЈПДП со кое управуваат СДС и ДУИ плаќа 2,5 милиони евра за чистење покрај пат и косење на трева покрај пат. Цената со која што се плаќа за косење на еден метар квадратен тревна површина е 25 пати поскапа од цената која што „Македонија пат“ ја платила со договор склучен од 2021 година, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Договорот кој што „Македонија пат“ го има и каде што цената за косење на метар квадратен тревна површина е 25 пати помал од тој на ЈПДП, е се уште активен, но и покрај тоа ЈПДП распишува нов оглас и плаќа поскапо за истата работа.

Договорот кој што „Македонија пат“ го обезбедила е во вредност од 1 милион евра за две години, додека пак договорот на ЈПДП е во вредност од 2,5 милион евра. Разликата е 1,5 милион евра.

Каде завршуваат 1,5 милион евра разлика во цени и дали тоа е причината за склучување на нов договор, додека се уште постои активен договор за истата работа?-додаваат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ и ДУИ народните пари се крчмат на милионски тендери.

Поврзани вести

Back to top button