Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Амбасадорот Попов изнајмува резиденција, од 6.000 долари иако може да седи во самата амбасада

Опозициската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, откри како што велат нов скандал во македонската дипломатија, овој пат со амбасадорот во Вашингтон Зоран Попов Тој пред да биде именуван беше претседател на комисијата за надворешна политика на СДС.

– Очигледно и дипломатијата се претвори во листа на желби за удобства на грбот на граѓаните. Имено новоименуваниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Попов си изнајмил резиденција за преку 6.000 долари месечно во ексклузивен дел на Вашингтон, „Бетезда“, иако во склоп на амбасадата има резиденција за амбасадор каде што живееја сите амбасадори до сега.

Попов не сакал да живее во резиденцијата, затоа што не му се допаѓало, па си избрал луксузно сместување. На оваа сума има плус режиски трошоци од 1.000 долари кои доколку живее во резиденцијата во наша сопственост нема да ги има или ќе бидат минимални. Платата му е 5.000 долари, а си земал стан од преку 6.000 долари. Со што ги заслужи овие луксузирања Зоран Попов? Што сработи во изминатиот период? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат МНР да побара одговорност од Попов.

Поврзани вести

Back to top button