Живот

Властите на овој прекрасен медитерански остров ќе ви ги вратат парите доколку врне дожд за време на вашиот престој

Не постои ништо полошо од врнежлив одмор, кога единственото нешто кое го посакувате е малку сонце. За среќа, постои еден прекрасен медитерански остров кој гарантира дека нема да врне дожд за време на вашиот престој, а доколку тоа се случи, хотелот во кој сте отседнале ќе ви ги врати парите за сместувањето.

Островот Елба, сместен крај брегот на Тоскана во Италија, е еден од најголемите италијански острови и е дел од Националниот парк на тосканскиот архипелаг.

Освен по прекрасните медитерански плажи, Елба е познат и по импресивните тврдини и термалните бањи, пренесува “News”.

Елба крие голем број историски приказни за протерувањето на Наполеон, а доколку тоа не ви е доволно примамливо, ова место нуди и гаранција за одмор без дожд. Во иницијативата наречена “Елба без дожд” која беше покрената минатата година, островот нуди поврат на парите за хотелското сместување доколку дождот ви го расипе одморот.

Како што велат од официјалната туристичка организација на островот, дури иако дождот во мај е ретка појава, тоа не значи дека не може да заврне. На Елба дождот повеќе не е проблем.

“Со ваквата иницијатива, во текот на мај и од септември до октомври, ако врне дожд во текот на вашиот престој нема да морате да го платите ноќевањето”, велат од организацијата.

Во оваа иницијатива учествуваат 14 објекти на островот, во распон од луксузни хотели до кампови. Сè што треба да направите е да испратите мејл во кој ја барате тарифата “Елба без дожд” и да го резервирате вашето сместување. За да добиете поврат на парите во случај на дожд, мора да врне повеќе од два часа во периодот од 10 часот наутро до 8 часот навечер.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button