МакедонијаТоп

Власта повикува на штедење, АЕК пак вработува и тоа помлад соработник за плата од 50 илјади денари

Агенцијата за електронски комуникации повторно вработува. Деновиве на веб страницата на Агенцијата за администрација осамнаа три огласи за вработување во Агенцијата за електронски комуникации, регулатор на телекомуникациските оператори во земјава.

Во огласите се бараат двајца советници на директорот, за кои на почетната плата ќе изнесува 80 илјади денари, додека, пак, платата на еден помлад соработник без искуство, ќе биде 50 илјади денари, објави Фактор.

Според порталот, двајцата советници на директорот треба да бидат високо образовани и да имаат завршено електротехника, компјутерска техника и информатика или информатика.

Како услов кој е наведен дека треба да го исполнуваат е да имаат најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватниот сектор.

Двајцата советници, според годишниот план на Агенцијата, треба да бидат Албанци според својата националност.

Помладиот соработник за прибирање и обработка на податоци, за кого исто така е распишан оглас, треба да има економски факултет или високо образование од областа на организациони науки и управување (менаџмент) или, пак, политички науки.
Овој кадар не мора да има никакво досегашно работно искуство, а треба да биде Турчин според својата етничка припадност.

Поврзани вести

Back to top button