Власта и опозицијата обединети за шетање како брачни другари на меден месец, и за зголемени плати ко најмили ортаци
Власта и опозицијата пред јавноста ги гледаме како лути ривали, но тие лути ривали стануваат како заљубени брачни другари на меден месец кога станува збор за службени патувања и како деловни партнери кога е во пршање зголемувањето на нивните плати за околу илјада евра.
Најновото зголемување на платите на функционерите и денешното патувањње е доказ за тоа.
Во рамките на соработката за демократски развој, која веќе трета година се одвива меѓу Собранието на Република Македонија и шведскиот Риксдаг, делегацијата во состав Фадил Зендели, претседател и членовите Маја Морачанин, Мартин Костовски, Александар Велјановски, Гордана Силјановска Давкова, Арбана Пашоли, Халил Снопче, Снежана Калеска Ванчева и Здравко Трајанов престојуваат во дводневна студиска посета на Стокхолм денеска и утре, информираат од Секторот за односи со јавноста при Собранието.
– Во текот на првиот работен ден, пратениците на двата законодавни дома разменија искуства за работните услови на пратениците и надоместоците за нивната работа. Беа споделени шведските искуства за регулативата која го уредува економскиот аспект на работата на пратениците, односно нивните плати, патните трошоци, трошоците за сместување за оние членови на Риксдагот кои живеат на најмала оддалеченост од 50 километри од законодавниот дом, како и пристапот на јавноста до сите овие податоци. Шведските пратеници информираа и за регистерот за финансиски интереси, кој постои во Риксдагот и обврските на пратениците четири недели по нивниот избор да го пријават имотот. Беа споделени искуства и од работата на пратениците во македонското Собрание, нивниот професионален ангажман, надоместоците на кои имаат право, како и на бенефициите кои пратениците ги уживаат по завршувањето на нивниот мандат, кои во шведскиот случај, во зависност од пратеничкиот мандат, вклучуваат апанажа во траење од најмногу две години и можност за обуки за олеснување на транзицискиот период, пишува во соопштението.
Пратениците споделиле искуства и за улогата на медиумите и новинарите кои известуваат за работата на законодавниот дом.
Можеби македонските пратеници деновиве ќе споделат и искуства како може од сиромашна земја да се украде милијарда евра а народот да биде мирен и како тој ист народ успева да преживее со 300 евра плата.