Владата во услови на криза троши десетици илјади евра за бифтеци, морски плодови, риби, октоподи и кафе
-Јунешки бифтек свеж добиен од млади говеда од 18 до 24 месеци старост А категорија на говеда, пакувано пластична кеса и истата во картонска кутија, тежина на поединечно пакување од максумум 10 килограми, пишува во јавната набавка, ПРЕНЕСУВА АЛФА.
Цената на младиот бифтек е 2 илјади денари од килограм. Цената на една порција од овој месен деликатес во зависност од ресторанот каде би го нарачале чини околу илјада денари. За разлика од обичните граѓани, овој бифтек се набавува со народни пари. Како што е познато, во истиот месец, според бирото за јавни набавки владата склучи и договор за купување морски плодови, риби и октоподи тежок цели 20 илјади евра.
-Предемет на оваа Рамковна спогодба е дефинирање и уредување на меѓусебните обрски и права омеѓу договорните страни и основните услови кои ќе ја регулираат испораката на стоките меѓу договорните страни за јавна набавка на стоки- свежа замрзната риба, морски плодови, во целост согласно со техничката спецификација, за потребите на Службата и понудата на Економскиот оператор, пишува во јавната набавка.
Секако, бифтекот и октоподот не се варат лесно, па можеби затоа владата купува и кафе за 7 илјади евра.
-Кафе црно обично мелено во пакување до 100 грама. Тип: арабика плус робуста, пишува во јавната набавка.
Ова не е прв пат Владата да се луксузира. Во ек на пандемијата од ковид 19 со пари на граѓаните си купуваа и илјадници литри алкохол. Опозицијата тогаш обвини дека на Илинденска си набавиле и два тони сортно вино, 45 литри бурбон, 90 литри шкотско виски и 30 литри шапмањ.
Пари се трошеа и за златни чинии, кои беа платени 88 евра од парче, како и за ножеви за кои се даваше во 20 евра од парче.
Овие најнови набавки од власта доаѓаат во моменти кога беше објавен извештајот на Центарот за граѓански комуникации, каде се вели дека корупцијата цвета во јавните тендери, ама одговорност и пријави нема до никого.
Млад јунешки бифтек и јунешки рамстек од А категорија, од говеда не постари од две години, пакувано во вакум кеса и кутии од по 10 килограми. Деликатниот вкус на министрите и премиерот не се задржа само на октоподи, туку и на најскапиот месен деликатес што се продава по рестораните. Набавката на месо, меѓу кои е и деликатесниот бифтек и рамстекот чини цели 50 илјади евра. Договорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата и компанијата, според системот за јавни набавки е склучен овој месец.
-Јунешки бифтек свеж добиен од млади говеда од 18 до 24 месеци старост А категорија на говеда, пакувано пластична кеса и истата во картонска кутија, тежина на поединечно пакување од максумум 10 килограми, пишува во јавната набавка.