Владата ѝ наложи на Антикорупциска да вработи оџа, вели претседателката Ивановска
Владата и наложила на Државната комисија за спречување на корупцијата да вработи оџа, рече во интервју за Телма претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска. Според ДКСК во изминатите години станал евидентен порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите.
– Одиме на Уставен бидејќи сметаме дека овој закон е неуставен бидејќи не обезбедува законитост, односно усогласеност со другите закони и од друга страна наметнува обврска да се прифатат луѓе од Министерството за политички систем за кои институциите и немаат потреба, рече претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска за инцијатива до Уставениот суд за оценување на законитоста на балансерот и Законот за преземање на административци.
Таа соопшти дека од Владата им било наложено да вработат оџа.
– Последната одлука на Владата, ни наметнува обврска да примиме тројца од тоа Министерство, од кои еден државен советник. Kога тој успеал да изгради кариера за државен советник во Министерството за политички системи која ќе биде соодветна за Државната комисија дотолку повеќе што неговата стручна подготовка е Факултет за Исламска вероисповест, тоа е оџа. Што бара со таква стручна спрема, во нашата институција?, прашува претседателката на Антикорупциска.
Таа додава дека колку и да сакаат да ја менуваат систематизацијата на Комисијата, не може да предвидат работно место со таква стручна подготвеност.
– Јас никогаш не ги делам луѓето по националност. За мене има луѓе кои си ги исполнуваат обврските и луѓе кои не ги исполнуваат, додава Ивановска.
Според ДКСК во изминатите години станал евидентен порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите.