Свет

Виролог за кој цел свет зборува: Уругвај има најниска стапка на смртност од коронавирусот поради него, а луѓето го честат пиво кога ќе го сретнат…

Вирологот Гонзало Мораторио кој што докторирал на Институтот Пастер денеска во Уругвај е голема ѕвезда.

„Nature“ пренесува дека луѓето му приоѓаат на улица за да се запознаат со него, му се заблагодаруваат, му плаќаат пиво кога ќе го сретнат во некој бар.

Многу поразлично од неговите колеги во останатите земји кои што се соочуваат со различни напади и навреди, затоа што ги обвинуваат за жртвите од пандемијата на коронавирусот.

Но, кај Гонзало постои многу цврста причина поради која што е популарен. Неговата земја досега има само 135 починати од коронавирус, од почетокот на пандемијата.

Околу 50-на луѓе во Уругвај починале по 10-ти декември, па таму очигледно дека го поминуваат вториот бран. Но, тие се многу далеку од катастрофалните бројки кои што ги забележуваат нивните соседи.

„Ние сме некое отстапување, како грешка во матрицата. Купуваме време. А, целото време кое успеваме да го купиме драгоцено е додека не се пронајде лек или пак ефикасна вакцина“, правилно проценил уругвајскиот научник.

Инаку, Мораторио докторирал во Париз во 2018 година, токму на тамошниот Институт Пастер, а оваа година добил своја лабораторија во која што ги проучува мутациите на вирусот.

Уругвај има добро развиено јавно здравство во кое што епидемиолошките служби постојано работат. Мораторио уште на почетокот на пандемијата решил со тестирање да се почне веднаш, а позитивните луѓе да се изолираат.

Решението било само едно, Уругвај морал да стане независен од надворешните решенија за тестирање. На 13-ти март во Уругвај бил потврден првиот случај на коронавирус, па веднаш била прогласена вонредна состојба, затворени биле училиштата и трговските центри, прогласено ограничување во летовите, како и преминување на границата, а од луѓето се барало да се изолираат.

Досега Мораторио и неговиот помошник Пилар Морено заедно во лабораторијата развиле сопствен тест кој што исто така користи ПЦР метода за откривање на вирусот.

Со помош на Министерството за зравство создале мрежа за тестирање во целата земја. До крајот на месец мај во Уругвај биле тестирани по 800 луѓе дневно, а половина од тестовите биле спроведувани дома. Денеска таа бројка изнесува 5.000 од кои 30 отсто се спроведуваат со тестот кој го осмислил Мораторио.

Уругвај со пандемијата се избори на импресивен начин.

Инаку, до денеска Мораторио има објавено околу 40 научни трудови, а има само 38 години.

Поврзани вести

Back to top button