Видео: Зошто Новак не сака да биде пример за својот син?
Новак и Јелена Ѓоковиќ се една од најпознатите двојки ширум светот кои на CNN зборуваат за Србија, за тешкото детство, војните…
Новак и неговата сопруга се појавија на емисијата „Open Court“ за специјално интервју за време на последното нивно престојување во Белград.
„Последиците од војната се чувствуваа долго. Периодот од 1991-та до 2001-та година се можеби најтешките години во нашата историја. Имавме војна на почетокот на 90-те, потоа бомбардирање, а во меѓувреме санкции. Луѓето чекаа за основни производи во ред. Последиците од војната натераа многу луѓе на жртва и да импровизираат“ – објаснува двојката.
„Како малечок сонував да бидам најдобар во светот, а во тој период овој сон беше сè само не реалистичен, ако се земат предвид околностите во кои пораснав. Моето семејство многу ризикуваше за да имам услови да станам тенисер“ – вели Новак.
Јелена дава интересен коментар:
„Чувствувам дека мојот сопруг е најдобар пример, но мора да најдеме друг спортист кој ќе биде пример на мојот син. Бидејќи, тој му е татко, а на децата влијаат другите и едвај чекам да видам кој ќе биде тој, кој ќе биде свесен дека е нечиј друг пример поради своето однесување“ – истакнува таа.
Во центарот на вниманието била нивната Фондација Новак Ѓоковиќ која им помага на децата.
„Доста работа имаме во фондацијата и нема да запреме. Сега градиме иднина. Новак сега има моќ и глас да ја подигне свеста за тоа, а во иднина можеби нема да имаме можност за тоа“ – додала Јелена.
Колкава е моќта на спортистите ширум светот?
„Има многу спортисти кои се залагаат за промени, а некои можеби не сфаќаат колкаво може да биде нивното влијание. На радар сте, како во Големиот Брат. Благодарение на социјалните мрежи, сè што правите се забележува, но на тоа гледам како на привилегија и платформа да направам позитивна промена“ – вели Новак.