Македонија
ВИДЕО: За нас е неприфатливо името „Славомакедонија“
За Демократската унија за интеграции неприфатливо е името „Славомакедонија“, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во Собранието на Република Македонија.
– Не сум дел од преговарачкиот тим, но ние не се согласуваме решението да биде „Славомакедонија“, бидејќи сите страни треба да бидат задоволни од решението, изјави Ахмети.
Тој додаде дека забележал добра волја за решавање на спорот кај шефот нагрчката дипломатија Коѕијас.