ВИДЕО: Водител покажа што ќе направи ураганот во Америка
Северна Каролина е прва на удар на Флоренс и водата веќе почнала да продира во куќите кои се најблиску до брегот. Очекувањата се дека оваа држава ќе ја погодат големи поплави, и нивото на водата во одделни крајбрежни области ќе порасне повеќе метри и ќе предизвика целосна катастрофа.
Новинари на „Weather Chanel“ направиле компјутерска анимација која го покажува ужасот кои ги чека жителите на крајбрежјето.
Според нивната анализа, водата ќе поплави големи делови на брегот на Северна Каролина, а нивоти ќе биде толку големо што сите кои ќе останат ќе се соочат со смртта.
– Не постои шанса да преживеете толку големо количество вода. Затоа, народе, ако ви речат да се евакуирате, одете – се вели на крајот од видеото.
Флоренс е класификуван како ураган од втора категорија со ветришта со брзина од 175 километри на час.